Morgan Stanley поради Брегзит “сели“ 100 милијарди евра од Лондон во Франкфурт

74

Една од најголемите светски финансиски институции, со европско седиште во Лондон, Morgan Stanley, планира да префрли околу 100 милијарди евра средства од Лондон во Франкфурт, што ја прави втора по големина банка што го преместува бизнисот од Велика Британија.

Американскиот заемодавач очекува да го пренесе најголемиот дел од средствата во првиот квартал од следната година, кога најверојатно ќе истече преодниот рок за излез на Велика Британија од Европската унија, изјавија за Bloomberg извори запознаени со трансферот. Morgan Stanley одби да ги коментира наводите.

Потегот на Morgan Stanley е во согласност со напорите на неколку други американски банки, како што се JPMorgan Chase & Co. и Goldman Sachs Group, да го зајакнат својот бизнис во ЕУ среде Брегзит. 

Morgan Stanley веќе премести голем број вработени од Лондон на различни локации низ ЕУ, вклучувајќи ги Мадрид и Милано.

Фото: Pixabay