Можни прекини на телевизијата поради оптимизација на ДВБ-Т предавателите

25

tv-dalecinsko

Фото: Pixabay

ОНЕ од денес почнува со реализацијата на вториот дел од процесот на дигитализација согласно барањето од Агенцијата за електронски комуникации кој што се состои во ослободување на фреквенциите од дигиталната дивиденда намената за 4Г технологијата во Македонија.

Поради спроведување на сложениот процес, во периодот од 10 јуни 2013 до 1 септември 2013 ќе се врши оптимизација на ДВБ-Т предавателните локации на ОНЕ заради усогласување на фреквенциите.

При тоа можни се прекини во програмата во одредени региони за што, како што соопштуваат од ОНЕ, навремено ќе информираат.

Следната недела на 11 јуни во периодот од 08:00ч до 13:00ч прекини ќе има регионот на Радовиш и околните населените места.

На 12 јуни 2013 во периодот од 08:00ч до 13:00ч – регионот на Струмица и околните населените места. На 14 јуни 2013 во периодот од 08:00ч до 13:00ч – регионот на Валандово и Дојран и околните населените места. На 15 јуни 2013 во периодот од 08:00ч до 13:00ч – регионот на Гевгелија и околните населените места. По завршувањето на секоја интервенција неопходно е прескенирање на каналите.