MS Roald Amundsen – првиот одржлив, хибриден брод крстосувач

38

Норвешката компанија Hurtigruten, пред неколку месеци го претстави првиот хибриден брод во светот MS Roald Amundsen, а сега крузерот е на своето прво патување кон Антартикот.

На бродот којшто е долг 140 метри се возат вкупно 450 патници, самото патување трае 18 дена.

Крузерот плови со помош на батерии коишто ги придвижуваат дизел моторите со потпис на Rolls Royce.

Освен врвната технологија што придонесува за одржливост, MS Roald Amundsen вклучува и инфинити базен, стаклена сауна, три ресторани и 264 луксузни кабини.

Цената по човек се движи од 14.720 до 23.046 доларуи во зависност од услугите, пишува Business Insider.

Со оглед на тоа дека работи на погон на батерии хибридниот брод, како што велат од компанијата, емитува за 20% помалку CO2.

Освен тоа, на него не е дозволена пластика за еднократна употреба, а униформите на екипажот се изработени од рециклирана пластика од океаните.

Фото: MS Roald Amundsen