На аеродром во Дубаи повеќе не ви треба пасош

62

Аеродромот во Дубаи може да се пофали со услуга која изгледа како нешто од научнофантастичните филмови. Станува збор за скенер на ирисот од окото со кој се потврдува идентитетот на патниците, а со тоа се елиминира потребата за човечка комуникација при влез и излез од земјата.

Благодарение на оваа технологија, патниците што влегуваат и ја напуштаат земјата повеќе нема да имаат потреба од пасош или каков било друг хартиен, па дури и дигитален документ.

Наместо класични билети, сè што треба да направат патниците е да погледнат во специјална камера.

Аеродромот во Дубаи ја понуди оваа програма на сите патници чии податоци за очи се поврзани со државните бази на податоци, а технологијата препознава за кое лице станува збор за неколку секунди.

Последниве години многу аеродроми низ светот воведуваат технологија за препознавање на лицето за да им заштедат време на патниците. Меѓутоа, скенерот во Дубаи е поврзан со државната база на податоци за препознавање лица, па така целосно се елиминира потребата од носење документи за идентификација.

Заменик директорот на владината канцеларија Обаид Мехајер Бин Сурор, истакна дека сега сите постапки на аеродромот станале паметни. Дубаи нема намера да застане само на оваа технологија и нејзината употреба на аеродромите, а тие веќе најавија проширување на веќе големата мрежа на камери со технологија за препознавање лице. Со цел да се намали документацијата, технологијата ќе се тестира и во некои услуги поврзани со приватниот сектор.

Фото: Pixabay