На кафе со експерт – од стартап до експанзија

37

Триесет совети како да прераснете од старт-ап во компанија која ќе доживее експанзија е темата на која Риши Чаудри, ќе говори на настанот кафе со експерт, кој ќе се одржи на 3-ти мај, петок, со почеток во 18 часот во Јавна соба.

“Во тесна соработка со 100 стартапи со постигнување на зададените цели да се стане вистинска функсионална компанија воочив одредени препреки кои го забавуваа процесот или не им дозволуваа да пораснат односно да добијат таканаречена експанизија. На предавањето ќе дадеме примери за некои од нив кои ќе ви бидат насока за тоа како вие да доживеете експанзија за вашиот стартап“ вели Риши Чаудри, предавач.

Чаудри е основач на IncuBus Ventures, каде креира паметни простори и го премостува јазот на стартапи и корпорации. Тој главно се фокусира на презентирање на долгорочни стратегии за тоа како бизнисот да се постави во позиција да движи напред и да добие експанзија.

Има големо искуство во водење и советување на стартапи и акцелератори, како и во Β2Β продажба и маркетинг. Тој е советник на многу растечки пазари, од Блискиот Исток и Африка до Сверна Европа и Азија.

EIR Europe е иницијатива на Swiss Entrepreneurship Program, која е финансирана од Владата на Швајцарија а имплементирана од Swisscontact во соработка со J.E. Austin.

Сите заинтереснирани за предавањето можат директно да се пријават преку е-пошта  ina@publicroom.org, а цената на билетот изнесува 150 денари.