На Wall Street, S&P 500 падна петти ден по ред

26

Во понеделникот на Wall Street, индексот Dow Jones благо порасна, додека S&P 500 падна петти ден по ред, што е најдолга негативна низа во последнaтa година дена, како резултат на притисокот врз технолошкиот сектор.

Dow Jones зајакна 27 поени или 0,09% на 31.521 поен, додека S&P 500 падна за 0,77 % на 3.876 поени, а индексот Nasdaq 2,46 % на 13.533 поени.

Падот на индексот S&P 500 петти ден по ред и загубите на Nasdaq се главно резултат на понатамошен притисок врз акциите на големите технолошки компании како што се Apple, Amazon, Alphabet, Microsoft и Tesla, бидејќи инвеститорите се повлекуваат од сектор што го водеше пазарот со месеци по раст.

Фото:Facebook