Над 1,5 милијарди денари добивка остварија осум банки за три месеци

126

Осум банки што котираат на Македонска берза, во периодот јануари – март оваа година, прикажаа добивка од 1.513.472.250 денари, покажува Прегледот на финансиски податоци за котираните друштва на Македонска берза.

Поединечно, најголема тримесечна добивка имаше Стопанска банка Скопје со 509.679.000 денари. Зад нејзе е добивката на НЛБ Банка со 499.309.000 денари, додека на трето место по квартал добивка е Комерцијална банка со 360.157.000 денари.

Охридска банка, според прегледот, во периодот јануари – март оваа година, прикажа добивка о 86.891.000 денари, зад нејзе е Уни Банка со 36.633.000 денари, а потоа следат: ТТК Банка (12.226.000 денари), Стопанска банка Битола (6.053.000 денари) и Централна кооперативна банка (2.524.250 денари).

Фото: Pexels