Над 68% од домаќинствата во Македонија имаат пристап на интернет од дома

7

Вкупно 68,3% од домаќинствата во Македонија, во првото тримесечје од оваа година, имале пристап на интернет од дома, што е за 3,3 процентни поени повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 65% во 2013 година, на 67,7% во 2014 година.

Речиси сие,односно 99,1% домаќинства со интернет-пристап, имале широкопојасно фиксно или мобилно поврзување на интернет.

Во првото тримесечје од 2014 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер користеле 67,6%, a интернет користеле 68,1%. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 96,3%. Вкупно 55,2% од корисниците на интернет во првото тримесечје од 2014 година употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или работа.