Наградна игра на Стопанска банка: Плаќај со VISA и отпатувај во Бразил

25

Во периодот од 02.05 – 15.05.2014 година, со користење на VISA кредитните картички од Стопанска банка АД – Скопје, можете да станете потенцијален добитник на патување во Бразил за две лица и посета на натпревар од Светското првенство во фудбал. Се што е потребно за стекнување право на учество во наградната игра е трансакција над 300 денари во трговската мрежа или e-commerce (електронска трговија) со VISA кредитна картичка од Стопанска банка.

Во Наградната игра ќе биде доделена следната награда: Патување за две лица во Бразил на Светското првенство во фудбал 2014 во периодот од 14 до 17 јуни, вклучувајќи и влезници за натпреварот во рамки на Светското првенство помеѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Аргентина. Наградата патување за две лица во Бразил се состои од: четири дневна програма за две лица со три ноќевања, повратни авионски билети од Скопје до Рио де Жанеиро, Бразил, услуга за пречек на аеродром во Рио де Жанеиро, групни активности / тура на денот на пристигнување и заминување, појадок за две лица, вечера на денот кога не се оди на фудбалски натпревар, две влезници Категорија 2 за натпревар на FIFA Светскиот куп, хотелско сместување за две лица во хотел со 4 ѕвездички, транспорт согласно распоредот на активностите, комплет FIFA брендирани подароци, тим за поддршка од страна на VISA, една VISA prepaid картичка со 300$.

Извлекувањето ќе се одржи на 16.05.2014, додека добитникот ќе биде објавен најдоцна три работни дена по извлекувањето.

Исправноста на патните исправи, како и добивањето на соодветните визи за реализација на патувањето се во целосна одговорност на добитникот на наградата.

Правилата за наградната игра се во целост достапни на www.stb.com.mk