Најбогатиот во ИТ секторот е Бил Гејтс

30

220932bill-gates-foto-01-afp-paul-j-richardsfБил Гејтс е најбогатиот бизнисмен во светот во областа на информатичките технологии според најновата листа на Форбс.

Во 2015 година меѓу 100-те најбогати бизнисмени во секторот на високите технологии има 51 Американец, 33 претставници на Азиско – Тихоокеанскиот регион, осуммина се од Европа, двајца од Израел и еден од Јужна Америка. Четириесет од нив живеат и работат во Калифорнија.

Богатството на Гејтс годинава се проценува на 79,6 милијарди долари, а 13% од нив се вложени во акции во Мајкрософт.

Според Форбс на второ место е основачот на Оракл, Лари Елисон со 50 милијарди долари, а на трето основачот на Амазон, Џеф Безос.

На 4-то место е основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг со 41,1 милијарди долари, потоа следат основачите на Гугл, Лери Пејџ (33,4 милијарди долари) и Сергеј Бирн (33,4 милијарди долари).

Просечната возраст на стоте најбогати во секторот на информатички технологии е 53 години, што е за десет години помалку од просечната возраст на првите сто најбогати луѓе.

Најмлад во секторот е 25-годишниот Еван Шпигел, основач на мобилната апликација Снапчат и неговото богатство се проценува на 2,1 милијарди долари. Највозрасен е 86-годишниот основач на Интел, Гордон Мур со шест милијарди.

Форбс наведува дека 94 од 100-те милијардери во ИТ секторот заработиле богатство почнувајќи од нула.