Најбукирани градови во Европа

79

Лисабон, Париз, Амстердам, Атина и Рим се петте најбукирани градови на Стариот континент кога станува збор за резервација на летови.

Ова го покажуваат податоците од истражувањето на World Travel & Tourism Council и Forward Keys, коишто овозможуваат најразлични статистички податоци за резервација на летови.

Меѓународните патувања во земјите членки на Европската унија имаат драстичен пад од 84,4% во првата половина на годината, во споредба со истиот период лани.

Во текот на првата година на 2019 година, Лондон беше рангиран како најбукиран град во Европа, а потоа следеа Париз и Рим.

Поради ограниченото движење, воведување на карантин и затворање на границите како заштита од ширење на Ковид-19, земји како што се Грција и Португалија, успеале да добијат поголема доверба поради безбедност на патниците за разлика од други земји.

Грција, како што пишува Greek reporter, беше меѓу првите земји што воведе посебни протоколи за хигиена уште во првите месеци од избивање на пандемијата.

Фото: Freepik