Најплатениот актер во светот “тежи“ 87,5 милиони долари

32

Американецот Двејн Џонсон втора година по ред е најплатен актер во светот, со заработка од 87,5 милиони долари. Тој инкасираше 23,5 милиони долари за неговата улога на агент на Интерпол во филмот Red Notice на Netflix, пишува Forbes.

Вицешампионското место му припадна на Рајан Рејнолдс, кој има богатство од 71,5 милиони долари. Тој заработи над 20 милиони долари за улоги во филмовите Underground и Red Notice.

Трет по богатство, според Forbes, е Марк Валберг со 58 милиони долари, зад него е Бен Афлек со 55 милиони долари, додека на петто место е Вин Дизел со 54 милиони долари.

“Десетката“ најплатени актери во светот ја комплетираат: Акшај Кумар (48,5 милиони долари), Лин Мануел Миранда (45,5 милиони долари), Вил Смит (44,5 милиони долари), Адам Сендлер (41 милион долари) и Џеки Чен (40 милиони долари).

Фото: Facebook