Најтргуваните акции за оваа недела

104

Акциите на Комерцијална банка, Макпетрол, Гранит, Алкалоид и Тетекс се топ пет најтргувани акции на Македонска берза, во период од 10-ти до 14-ти февруари, покажува Неделниот преглед.

Во текот на работната и трговска недела, вкупниот промет на берзата достигна 2.484.198 евра или пад од 1,17% во споредба со претходната недела. Во истиот период реализирани се вкупно 495 трансакции, што е за 2,06% повеќе во односна минатата недела. Кај пазарната капитализација, што се позиционираше на 3.399.861.210 евра, има недела пораст од 0,84%.

Вредноста на индексот на МБИ10, на 14-ти овој месец, достигна 4.984,77 поени, што е раст од 1,08% на неделна основа. Пазарната капитализација вчера беше 2.013.686.945 евра или 0,71% повеќе во однос на минатиот петок.

Фото: Pexels