Намален индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари

24

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари, според оценката на раководителите на деловните субјекти, е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на јануари 2016 година е зголемен за четири процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2017, во однос на декември 2016 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на претходниот месец.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2017 година е речиси на еднакво ниво како и во претходниот месец, а многу поповолна во однос на јануари 2016 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2017 година изнесува 65,5% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23%, недоволната домашна побарувачка со 20,6% и недостигот на квалификувана работна сила 17,5%.