Намалена цената на интегралниот леб Интега од Жито Прилеп

33

Жито Прилеп АД – Прилеп ја намали цената на интегралниот леб Интега за три денари, така што сега тој ќе чини 15 денари, пишува Макфакс.

“Неколкумесечното намалување на цените на нафтата и нафтените деривати поволно се одрази врз нашето секојдневно работење. Трошоците тесно поврзани со цената на овој енергенс значително се намалија, така што резултатот е намалување на цената на интегралниот леб Интега за три денари. Жито Прилеп АД е првата компанија во регионот која периодов значително ја намали цената на интегралниот леб, така што сме сигурни дека ова намалување позитивно ќе се одрази и врз буџетот на граѓаните“, велат од компанијата.

Лебот Интега, кој во себе содржи 15% трици и е наменет за сите оние кои практикуваат здрава исхрана, и понатаму ќе тежи половина килограм.