Намалени девизните резерви во ноември

22

Вкупните девизни резерви заклучно 30-ти ноември оваа година достигнаа вредност од 3.241.500.000 евра, покажуваат податоците на Народна банка.

Во однос на претходниот месец, кога девизните резерви се позиционираа на ниво од 3.267.100.000 евра, тоа е намалување за 25,6 милиони евра.

Најголемиот дел од државните резерви зафаќаат хартиите од вредност, коишто на крајот на ноември изнесуваа 2.507.500.000 евра. Еден месец претходно беа 2.418.300.000 евра или забележано е зголемување од 89,2 милиони евра.

Валутите и депозитите во ноември изнесуваа 437 милиони евра, еден месец претходно беа 545 милиони, а во ноември лани имаа вредност од 330,2 милиони евра.

Монетарното злато на крајот на минатиот месец вредеше 294.100.000 евра или 6,7 милиони евра помалку.

Фото: Pexels