Населба во Холандија како “жива“ лабораторија

21

Фото: UNStudio

Холандското архитектонско студио UNStudio, со седиште во Амстердам, претстави план за изградба на паметна населба, каде што жителите ги произведуваат сопствените ресурси и ја контролираат употребата на нивните податоци.

Brainport Smart District (BSD) ќе биде лоцирана во градот Хелмонд, а ќе вклучува of 1.500 нови домови, коишто се планирани да се изградат во следните 10 години, пишува Dezeen.

UNStudio за изградбата на паметната населба соработува со сестринската компанија, технолошкиот старт – ап UNSense. Тие го замислуваат ова места како “жива“ лабораторија којашто сама произведува храна и енергија за свои потреби, управува со сопствениот отпад и ги контролира своите податоци.

Проектот вклучува и дел наречен 100 Houses којшто на жителите ќе им понуди целосна контрола врз нивните податоци, а бизнисите ќе се занимаваат со иновација и истражување.

Паметната населба ќе биде одржлива, односно ресурсите ќе бидат повторно употребени и рециклирани во затворен систем, со цел BSD да може да се прилагоди на климатските промени.