НБ: Тренд на намалување на просечната каматна стапка на кредити

26

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во февруари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,33 проценти, информираат денеска од Народната банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, се задржала на истото ниво, како и претходниот месец и изнесува 0,71 проценти.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во февруари 2022 година, оствари месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,28 п.п., соодветно и изнесува 4,33 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 0,71 проценти. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,21 п.п., се вели во денешното соопштение од Народната банка.

Според НБ, во февруари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2 изнесува 3,94 отсто и забележа месечно зголемување од 0,10 п.п., а на годишно ниво е намалена за 0,31 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,56 проценти и бележи месечен раст од 0,03 п.п., додека на годишна основа е пониска за 0,15 п.п..