НБРМ ги објави расположливите депозити на седум дена

20

narodna-bankaФото: НБРМ

Народната Банка на Република Македонија ги објави расположливите депозити на седум дена.

Во соопштението се наведува дека на 7 февруари 2018 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 14.352 милиони денари, односно 2.676 милиони денари повеќе од достасаниот износ (11.676 милиони денари).

Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 0,50%.