НБРМ: Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е 5,4% во септември

21

nbrm-logo-pocetna

Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во септември се задржа на ниво од 5,4%, идентично како и претходните два месеца, додека на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,6 процентни поени, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија (НБРМ).

Новото кредитирање на корпоративниот сектор во септември, како што се наведува, е остварено по просечна каматна стапка од 4,7%, при надолна промена од 0,3 процентни поени во однос на претходниот месеци.

Во септември оваа година, каматната стапка на вкупните примени депозити од корпоративниот сектор се врати на ниво од 2%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор во септември изнесува 1,2%, што е за 0,2 процентни поени во однос на претходниот месец.