НБРМ: Пад на ликвидноста на банките во август         

21

bankarska transakcija

Ликвидноста на банките, согласно податоците на Народната банка на Република, бележи пад на месечна основа во август.

“Намалената ликвидност во целост произлегува од поголемиот износ на пласирани ликвидни средства во монетарни инструменти (во најголем дел во краткорочни депозити кај НБРМ), во однос на ликвидноста креирана преку автономните фактори, главни преку девизните трансакции на НБРМ со банките поддржувачи“, стои во Истражувањето на најновите економски показатели на НБРМ.

По намалувањето во претходните три месеци, вкупните депозити во јули забележаа раст. Повисокото ниво на вкупната депозитна база на банките претставува сигнал за натамошно видливо стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.

Анализирано по сектори, растот речиси во целост произлегува од зголемувањето на депозитите на домаќинствата, при мал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, додека кај депозитите на останатите финансиски институции се забележува умерено намалување. Годишната стапка на раст на вкупните депозити во јули изнесува 3,4% и е под растот од 7,4% проектиран за третиот квартал на 2016 година. вклучува депозитни пари. Од валутен аспект, во јули се зголеми придонесот на денарските депозити во годишниот раст на вкупните депозити.