НБРМ: Постепено забрзување на инфлацијата и економскиот раст во периодот 2017 – 2019 година

29

nbrm-logo-pocetna

Економските аналитичари очекуваат постепено забрзување на стапката на инфлација и на економскиот раст во периодот 2017- 2019 година, покажуваат резултатите од истражувањето на Народна банка на Република Македонија (НБРМ) спроведено во октомври оваа година.

“Се очекува просечната стапка на инфлација да изнесува 1,3% во 2017 година, а потоа умерено да забрза на 1,7% и 2% во 2018 и 2019 година, соодветно. Просечните очекувања за реалниот раст на БДП изнесуваат 1,1%, 2,4% и 2,9% за 2017, 2018 и 2019 година, соодветно“, стои во Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движење на реалниот БДП.

Во поглед на очекувањата за стапката на инфлација за 2017 година, испитаниците оцениле највисока веројатност дека просечната годишна стапка на инфлација ќе се движи во интервалот од 1% до 1,4%, за 2018 година ќе биде помеѓу 1,5% и 1,9% и за 2019 година ќе биде меѓу 2% и 2,4%.

За оваа година, испитаниците оцениле највисока веројатност дека годишниот раст на БДП ќе се движи во интервалот од 0,5% ди 0,9%, за 2018 година ќе биде меѓу 2,5% и 2,9% и за 2019 година ќе биде помеѓу 3% и 3,4%.