НБРМ: Раст на депозитите и кредитите на корпоративниот сектор во февруари

41

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во февруари 2019 година, пораснаа за 0,8% на месечна основа, главно под влијание на депозитните пари и на депозитите во странска валута (краткорочни и долгорочни) и долгорочните денарски депозити, во услови на евидентиран пад кај краткорочните депозити во денари, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Стапката на годишен раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 9,5% и во најголем дел се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари.

Кај кредитите на корпоративниот сектор е евидентиран месечен раст од 0,9% и годишен раст од 6,9%. Анализирано по валута, кредитите одобрени во денари имаат најголем придонес кон растот на месечна и на годишна основа.