НБРМ: Раст на депозитите на претпријатијата во август

12

Првичните декадни податоци со август покажуваат раст на вкупните депозити на месечна основа, стои во Извештајот за најновите макроекономски показатели на Народна банка на Македонија.

“Растот на депозитите во целост се должи на депозитите на претпријатијата, додека депозитите на домаќинствата, по регистрираното зголемување во јули, во август повторно бележат пад на месечна основа заради намалените депозити во домашна валута“, се вели во извештајот.

На годишна основа, вкупните депозити во август се повисоки за 6,7% и се под проекцијата за третиот квартал од 9,5%, што значи веројатно потфрлување кај проектираниот раст.

Според првичните податоци за август, како што се наведува, активноста на кредитниот пазар втор месец по ред бележи мал месечен раст од 0,2%, што и во август се должи на намаленото кредитирање на претпријатијата, додека кредитите на домаќинствата продолжуваат да растат со умерено забавено темпо споредено со претходниот месец.

“Промените кај вкупните кредити делумно може да се должат на сезонски фактори, а во еден дел може да се одраз и на неизвесниот домашен и глобален амбиент. На годишна основа, вкупните кредити во август се повисоки за 8,8%, што е под априлската проекција за третиот квартал од 9,8%“, стои подолу во Извештајот.