Нема интерес за Сава центар – на тендерот не стигнала ниту една понуда

81

На јавниот повик за продажба на Сава центар во Белград не пристигнала ниту една понуда, потврдуваат за Екапија градските власти.

Од купувањето се откажа и Делта Холдинг, купувач којшто се чинело дека е најсериозен, бидејќи, како што велат, по такви услови инвестицијата не е исплатлива.

На почетокот на месецот, Град Белград распиша тендер за продажба за Сава центар, а почетната цена му била 27.420.000 евра. Купувачот во рок од пет години имал обврска да го исплати целокупниот износ и да изведе градежни работи за адаптација и реконструкција во вкупна вредност не пониска од 50 милиони евра.

Фото: Facebook