Нема промена во цените на угостителските услуги во март

17

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2014 година, во споредба со февруари 2014 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0,1%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- март 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0,1%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,2%.