Неочекуван раст на британската економија

52

Британската економија неочекувано порасна во вториот квартал за 0,2 отсто, но сепак е единствената голема светска економија која сè уште не успеала да се врати на нивото пред пандемијата, покажаа официјалните податоци објавени во петокот.
Имено, економистите очекуваа дека британската економија ќе стагнира во претходниот квартал.

– Акциите што ги преземаме во борбата против инфлацијата почнуваат да функционираат, што значи дека ги поставуваме силните основи потребни за раст – изјави британскиот министер за финансии Џереми Хант.

Иако Велика Британија досега успеа да го избегне, за разлика од еврозоната, нејзините економски показатели се прилично лоши од почетокот на пандемијата на коронавирус. Имено, и покрај растот во вториот квартал, таа економија сепак беше 0,2 отсто под нивото на крајот на 2019 година.

Од друга страна, германската економија е за 0,2 отсто над нивото на крајот на 2019 година. Француската и италијанската економија се за 1,7 и 2,2 отсто над нивото пред пандемијата, соодветно, додека американската економија е 6,2 отсто над нивото пред пандемијата, пренесува Хина.