НЛБ Банка: Исплатени јулските пензии

НЛБ Банка ги известува пензионерите дека пензиите за месец јули се веќе исплатени и средствата се веднаш достапни за користење.

Од Банката препорачуваат користење на банкоматите, безготовински плаќања во продажната мрежа, како и користење на електронско и мобилно банкарство со цел заштеда на време и избегнување на гужви.

За оние кои сакаат, подигнувањето на пензијата може да се изврши и во експозитурите на НЛБ Банка ширум земјата.