Нов назив и лого на ЕВН Електродистрибуција

255

Согласно обврските кои произлегуваат од промените во Законот за енергетика од јуни 2018 година, ЕВН Електродистрибуција го менува својот официјален назив и лого.

Како што се вели во соопштението Законот наложува операторот на дистрибутивниот систем да не ги користи придобивките од својата вертикална интеграција поради нарушување на конкуренцијата на пазарот за електрична енергија. ЕВН Електродистрибуција е дел од поголема група на компании на брендот ЕВН, меѓу кои и друштва за снабдување и производство на електрична енергија.

Токму затоа беше неопходно да се креира засебен корпоративен идентитет на ЕВН Електродистрибуција од оној на брендот ЕВН. Новиот назив на компанијата е Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје. Со отстранување на ЕВН од називот на компанијата, дополнително се намалува можноста за креирање на забуна кај корисниците за тоа дали се обраќаат кај некое од другите друштва на ЕВН или операторот на дистрибутивниот систем.