Нов вид на туризам привлекува туристи од цел свет во Словенија

148

Скромни полски куќички, познати како ѕиданици, во коишто словенечките лозари го гмечеле грозјето и понекогаш преспивале, станаа вистински туристички хит во време на коронакриза.

Во првите два месеца, во овие куќички имало трипати поголем број резервации и посетители во однос на минатата година, сметаа словенечките туристички работници кои работат на рекламирање на таков вид на одмор.

Иако многу од резервациите биле откажани по прогласување на пандемијата, но сега гостите повторно се враќаат во лозовите туристички капацитети, коишто се пополнети до август.

Таканаречените ѕиданици или “храмови“ (како што ги нарекуваат во Марибор), во 70-тите години на минатиот век масовно се трансформирани во викендички од средна класа, додека сега стануваат дел од ексклузивна туристичка понуда и интензивно се промовираат како туристички бренд.

“Минатата година имавме 5.475 ноќевања, а три четвртини од гостите беа оние од Германија, Холандија, Белгија, Италија и Франција“, вели Матијаж Павлив, секретар на туристичкиот конзорциум на словенечките ѕиданици, додавајќи дека како најчесто гости доаѓаат странски постари двојки.

Порано биле скромни куќички над винските подруми, а денес се преуредени за странски гости кои сакаат да се релаксираат и опуштат, некои имаат џакузи, базен или финска сауна, како и винотека во долните простории од коишто можат да добијат клуч.

Фото: Pixabay