Новак Ѓоковиќ и Џеј Зи влегуваат во нов бизнис

178

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и славниот музичар Џеј Зи подготвуваат заеднички проект. Како што пренесува американскиот магазин TMZ, Ѓоковиќ и Џеј Зи планираат да инвестираат во фитнес технологија, односно програмата CLMBR. Станува збор за справа којашто симулира вертикално качување, а тенисерот и музичарот во неа препознале потенцијал да ја прошират својата бизнис империја.

Богатството на Ѓоковиќ се проценува на 220 милиони евра, додека Џеј Зи на располагање има и повеќе од една милијарди евра.

Фитнес индустријата за време на пандемијата доживеа вистински бум, бидејќи луѓето не можеа да одат во теретани.

Во CLMBR, освен Ѓоковиќ и Џеј Зи, инвестираше и еден од основачите на YouTube, Чед Харли.

Фото: Facebook