Новак Ѓоковиќ ќе гради хотел на Копаоник

26

novak

Хотелот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на Копаоник ќе има 13 апартмани, ресторан, базен и спа центар, пишува еКапија. Во тек се интензивни подготовки за обезбедување документација за градба, а наскоро треба да биде познато кога ќе почне изградбата.

Минатата година таткото на тенисерот купи земјиште на Копаоник, на кое во декември 2013 е отворен Novak Cafe&Restaurant. Во план е ресторанот да се руши и на негово место да се гради хотел. Хотелот ќе се гради во планински стил, на четири ката. Ќе има подрум, приземје со галерија, два ката, две нивоа поткровје и три подземни етажи. Бруто површината е околу 3.155 метри квадратни.