Од извоз на струја инкасирани над 39 милиони долари

174

Македонија е 59-та земја во светот со извоз на електрична енергија во вредност од 39.015.000 долари или 26,3% повеќе во однос на 2018 година.

На глобално ниво, извозот на струја во 2019 година достигна 33 милијарди долари, што претставува пад од 5,8% во споредба со една година претходно, покажуваат податоците на World’s top exports.

Пет најголеми извозници на струја лани беа: Германија (3,8 милијарди долари), Франција (три милијарди долари), Канада (1,9 милијарди долари), Швајцарија (1,8 милијарди долари) и Кина (1,5 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник на електрична енергија е Словенија со 832 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (392,4 милиони долари), Босна и Херцеговина (329,2 милиони долари), Хрватска (294,5 милиони долари), Грција (104,4 милиони долари), Србија (81,1 милион долари) и Албанија (70 милиони долари).

Фото: Freepik