Од каде доаѓа свежото, а од каде замрзнатото пилешко месо

82

Пилешкото месо е чест избор како оброк кога станува збор за подготовка на ручек или вечера. За многумина е избор за помалку калорична варијанта споредено со свинското и говедското месо.

Минатата година извозот на свежо пилешко на глобално ниво, достигна вредност од 6,6 милијарди долари, додека на замрзнатото 16,1 милијарда долари.

Гледано наназад, односно од 2014 година па навака, побарувачката за свежо пилешко месо е зголемена за 15,1% додека побарувачката за замрзнато месо e намалена за 12,5%.

Како најголеми извозници на свежо пилешко месо се истакнуваат: Холандија (1,5 милијарди долари), Полска (1,3 милијарди долари) Белгија (711,5 милиони долари), САД (542,7 милиони долари) и Германија (442,6 милиони долари).

Земји каде што значително се зголемил извозот на свежо пилешко од пред пет години, се: Украина, Полска, Австрија и Кина.

Најголеми извозници на замрзнато пилешко месо се: Бразил (5,9 милијарди долари) САД (2,7 милијарди долари), Холандија (1,2 милијарди долари ), Хонг Конг (896,3 милиони долари) и Полска (731,7 милиони долари)

Во Тајланд, Полска, Чиле, Украина и Хонг Конг е забележено најголемо зголемување на извозот на замрзнато пилешко месо во последниве пет години.

Фото: Pexels