Од утре повторно ќе важи бесплатниот превоз за средношколци

21

Од утре, први септември, повторно ќе важат бесплатните годишни средношколски билети за користење на јавниот превоз, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Оттаму потсетуваат дека од пред три месеци во функција се и бесплатните годишни студентски билети. Не важи само одлуката за бесплатен превоз на возрасни лица (жени со 62 години и мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела.

Фото: Facebook