Одржана аукција на државни хартии од вредност

23

evra-svitkani-pixabay

Фото: Pixabay

Министерството за финансии на аукцијата одржана на 23.01.2018 година издаде државни хартии од вредност во износ од 23,98 милиони евра.

Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 474,99 милиони денари со камата од 1,20%, 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 440,19 милиони денари со камата од 3,70% и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 560,00 милиони денари со камата од 3,20%.

На 24.01.2018 година и на 29.01.2018 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, ќе отплати 23,98 милиони евра.