ОИЛКО КДА го зголеми својот удел во „Макпетрол“ на 26,37 проценти

Компанијата ОИЛКО КДА – Скопје го зголеми својот сопственички удел во „Макпетрол“ АД Скопје, покажува најновото известување објавено на Македонската берза.

Според податоците доставени согласно член 38 точка 1 од Правилата за котација на Македонската берза, ОИЛКО КДА се стекнала со 392 обични акции од издавачот „Макпетрол“ АД Скопје.

Со оваа трансакција, компанијата сега поседува вкупно 29.634 обични акции, што претставува 26,37 проценти од вкупниот број издадени акции на „Макпетрол“. Инаку, минатиот понеделник компанијата се стекна со 91 обична акција .
Акцијата на Макпетрол се тргува по цена од 118.500 денари.