Околу 2.000 денари ќе не чини велигденската трпеза оваа година

377

.Во пресрет на велигденските празници секоја домаќинка се подготвува на своето семејство да му приреди вистинско уживање за сите сетила.

Црвени велигденски јајца, вкусно приготвено месо, свежи салати, примамлива торта и што уште не ќе се најде на празничната трпеза. Но, и за секој празник потребно е да се направи и добар финансиски план за да се обезбедат средства од семејниот буџет, за да може да се подготви се што е потребно.

Затоа направивме мало истражување на нашиот пазар и маркетите во нашата близина за да видиме колку пари од семејниот буџет ќе се пренаменат за подготовка на Велигден.

За една табла, која што вообичаено има по 30 јајца, секоја домаќинка треба да обезбеди од 170 до 200 денари, но доколку сакаат да бојадисаат повеќе, ќе треба да одвојат уште двојно од овој износ.

jajca veligdenski

Креативноста секогаш доаѓа до израз во бојадисувањето на велигденските јајца во најразлични бои. Некои сакаат само црвени, некои во други бои, некои уживаат да ги украсуваат со сликички и украси, други да ги бојадисуваат со природни материјали, а трети да експериментираат. Како и да е, тоа задоволство може да ве чини од 30 до 120 денари.

veligdenska vecera

А кога зборуваме за храната што ќе се најде на велигденската трпеза, еден килограм месо чини од 200 до 400 денари, компирите до 60, за свежите салати ќе треба да одвоите околу 50 денари. По велигденските 40-дневни пости, секоја домаќинка сака да подготви и нешто слатко и вкусно, во форма на некоја чоколадна или овошна торта. За тоа ќе бидат потребни дополнителни од 300 до 600 денари.

torta

Со вкусната храна секогаш добро доаѓа и одличен пијалок, без разлика дали е алкохолен или не, па за тоа ќе бидат потребни уште околу 500 денари.

Кога сите овие намирници ќе ги ставиме во една кошница и ќе дојдеме до касата да ја платиме сметката, паричникот ќе го олесниме за околу 2.000 денари.

jajca cvet

На крајот, сепак она што е најважно е покрај велигденската трпеза да се собере семејството, на едно место да се седнат сите драги лица со кои е најубаво да се помине секој слободен момент, особено на ваквите големи празници.