Онлајн услуги на Халкбанк за брзо и едноставно завршување на сите банкарски сулуг

22

Во актуелната состојба на пандемија предизвикана од КОВИД-19 и во услови кога посетата на филијали не се препорачува, клиентите на Халкбанк АД Скопје можат целосно да менаџираат со своите сметки со користење на онлајн услугите на Банката и преку својот мобилен телефон или компјутер, брзо и едноставно, од својот дом, да ги завршуваат сите традиционални банкарски услуги.

Секој корисник на електронско и мобилно банкарство на Банката преку услугите e-banking и moby banking може да изврши проверка на состојбите на сметките, на кредитните картички, да изврши уплата на средства, нивно префрлање на друга сметка, да врши плаќање комунални услуги, кредити и други дневни трансакции – денарски и девизни, како и креирање шаблони.

На овој начин може да се врши и продажба и откуп на девизи, креирање персонални буџети, потсетници за плаќања, но и да се отвора орочен денарски или девизен депозит, или, пак, да се аплицира за кредит.

Халкбанк АД Скопје како модерна финансиска институција е една од предводниците на прифаќањето и имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови во своето работење обезбедувајќи им на тој начин на клиентите најбрзи, најсовремени и најсигурни услуги.

Дополнително, како општествено одговорна компанија, Халкбанк во услови на криза ги укина и провизиите за сите трансакции во денари кои се вршат преку услугите e-banking и moby banking со цел да ги поттикне корисниците да се придржуваат кон мерките кои ги спроведува државата за запирање на ширењето на вирусот и на тој начин да се грижат за своето и за здравјето на другите.