Општествената одговорност услов за конкурентен и одржлив развој

17

Конференција на тема Општествената одговорност – услов за конкурентен и одржлив развој ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на годишната средба на европските локални мрежи на Глобалниот договор на Обединетите нации.

На конференцијата ќе се обратат заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски,  Валид Наги, одговорен за локалните мрежи во седиштето на Глобалнот договор на Обединетите нации во Њујорк и Никица Кусиникова од Секретаријатот на Македонската мрежа на Глобалниот договор на ОН.