ОРМ: Измените за предлог Закон за работни односи би придонеле да се зголеми бројот на работниците кои ќе останат без работа

86

За членките на Организацијата на работодавачи на Македонија неприфатливи се предлозите за измените за предлог Закон за измена на законот за работни односи кои ги предлага Министерството за труд и социјална политика.

-Во врска со предложениот закон за измена и дополнување на Законот за рабoтни односи објавен на сајтот на Собрание на второ читање, каде е предложено намалување на максималната горна граница за склучување договори за вработување на определено време од 5 години на 6 месеци и намалување на крајниот рок за исплата на платите, односно наместо до 15 во месецот, платата да се исплаќа до 5 во тековниот за претходниот месец, ве известуваме дека за членките на Организацијата на работодавачи на Македонија ваквите предлози се неприфатливи. Ваквите предлози не се пример ни во земјите во регионот ни во Европа и истите максимално ја ограничуваат флексибилноста на пазарот на трудот и истите би придонеле да се зголеми бројот на работниците кои ќе останат без работа, велат од Организацијата на работодавачи на Македонија .

Оттаму сметаат дека измени и допонувања на Законите не смеат да се носат без дијалог на сите засегнати страни, имајќи ја предвид улогата на Економско социјалниот совет.

-Воедно би сакале да укажеме дека ОРМ не е повикана ни на расправите по предлог измените во ЗРО од страна на Комисијата за труд и социјална политика при Собранието на Република Северна Македонија.За таа цел бараме предлог законот за измени во ЗРО да се врати на расправа на седница на Економско социјалниот совет, велат од ОРМ.