Извршниот директор на Credit Suisse, Тиџан Тиам, поднесе оставка по шпионски скандал што ја “тресе“ швајцарската банка, пишува BBC.
Тиам заминува од функцијата по пет години поминати во банката, а само неколку месеци откако двајца вработени во банката се обвинети за шпионажа.
“Немав информации за шпионажа на двајцата поранешни колеги. Таа вест нè загрижи сите во Credit Suisse и предизвика непријатност. Жалам што се случи вакво нешто што никогаш не требаше да се случи“, изјави Тиам.
Скандалот започна во септември минатата година, кога било откриено дека поранешниот оперативен директор Пјер Оливие Буе најмил приватни детективи да го следат поранешниот шеф за управување со имотот Икбал Кан.
Тиам ја напушта функцијата на 14-ти февруари, а негова замена ќе биде Томас Гостејн, кој сега е главен за корпоративни клиенти на банката.
Фото: Facebook