Отворен Ideal Home во трговскиот центар Палма мол

651

Ideal Home е најновиот продажен салон што се отвори во трговскиот центар Палма мол во Тетово. На површина од 1.400 метри квадратни, овој малопродажен салон нуди асортиман од 15.000 најразлични производи за домот.

Ideal Home, лоциран на првиот кат во трговскиот центар e салон со концепт на продавница каде можат да се најдат сите детали неопходни за совршено уреден дом. Во широкиот асортиман на производи застапен е голем избор на теписи, постелнини, трпезариски комплети, рамки за завеси, тапети, фото-тапети, 3D панели, како и уникатни и ексклузивни декоративни елементи за уредување на домот.

„Нашата идеја беше да создадеме едно посебно место во кое купувачите ќе можат секогаш да го најдат токму она што им недостасува за да го претворат својот дом во идеално место за живеење, како што всушност и гласи името на нашиот салон, Ideal Home. Многу сме среќни што нашата замисла е успешно се реализирана, а се надеваме дека на овој начин им ја олеснуваме и на граѓаните потрагата по квалитетни детали за нивниот дом, со модерен и уникатен дизајн а во исто време и по пристапни цени“, изјави Тамара Јосифоска, менаџер во Ideal Home.

На денот на отворањето, за купувачите беа достапни голем број промоции и подароци. Овој продажен салон овозможи 25 нови вработувања и ќе работи секој ден во неделата, од 10 до 22 часот, а за потрошувачите постојано ќе нуди специјални акциски и атрактивни понуди.