Отворен Палма Мол – најголемиот трговски центар во западна Македонија

191

Најголемиот трговски центар во западна Македонија Палма Мол, кој се наоѓа на само еден километар од Тетово и на триесетина километри од Скопје, денеска и официјално ги отвори вратите за своите потрошувачи.

За време на отварањето се реализираа бројни настани наменети за сите посетители од различни возрасти, а денот ќе заврши со централен перформанс во вечерните часови. Гости на официјалното отворање се познатите музички ѕвезди Аделина и Сара Мејс, кој се воедно заштитни лица на кампањата на трговскиот центар Палма Мол.

palma mall

“Идејата да го прошириме нашиот постоечки објект за двојно и повеќе не дојде само од потребата и побарувачката за проширување, туку и од желбата и потребата на градот Тетово и неговите граѓани, за објект со поголем број на содржини во овој дел на Македонија. Мотивирани од оваа идеја гордо можеме да кажеме дека граѓаните конечно ќе можат да ги обавуваат своите секојдневни потреби во современ трговски центар по сите светски стандарди“, изјави сопственикот на Палма Мол, Неад Џеладини.

Палма Мол се простира на површина од 32.000 метри квадратни, на четири нивоа со подземен паркинг кој ќе биде бесплатен за посетителите, истиот содржи 250 места со вентилирачки систем и 24 часовен мониторинг со камери и редари.

Новиот модерен трговски центар Палма Мол содржи голем број локали меѓу кои модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, супер маркет, ресторан, фастфуд корнер, игротека кино 7D cinema и уште многу други места за забава за посетителите од сите возрасти.