Ова се 10-те највредни брендови во светот

225

Компанијата за електронска трговија, Amazon го има приматот на највреден бренд во светот втора година по ред, според анализата на Brand Finance Global 500 за 2020 година.

Од вкупно 500 највредни брендови, неприкосновена е компанијата на чие чело стои најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос. Податоците покажуваат дека вредноста на Amazon за 2020 година ќе достигне 220,7 милијарди долари или 17,5% повеќе во однос на 2019-та година (187,9 милијарди долари). 220.791.000.000

На вицешампионското место се најде технолошкиот гигант Google и се искачи за една позиција во однос на минатата година. Вредноста на Google се проценува на 159,7 милијарди долари, односно 11,9% повеќе во однос на 2019-та година, кога вредеше 142,7 милијарди долари.

На трето место се најде ИТ гигантот Apple, којшто си ги замени позициите со Google. Вредноста на Apple се очекува да биде 140,5 милијарди долари или 8,5% помалку во однос на лани (153,6 милијарди долари).

Највредната “10-ка“ ја заокружуваат:

Microsoft – над 117 милијарди долари

Samsung – 94,4 милијарди долари

ICBC – 80,7 милијарди долари

Facebook – 79,8 милијарди долари

Walmart – 77,5 милијарди долари

Ping An (кинеска осигурителна компанија) – 69 милијарди долари

Huawei – 65 милијарди долари

Фото: Pexels