Ова се најголемите извозници на супи во светот

67

Супата е оброк што убаво затоплува во зимските месеци, но често се користи како предјадење или како додаток при подготовка на други јадења.

Најголем извозник на супи во светот, според податоците на Observatory of economic complexity, се САД со 481 милиони долари. Меѓу петте најголеми извозници на супи се и: Германија (218 милиони долари), Канада (169 милиони долари), Шпанија (148 милиони долари) и Франција (140 милиони долари).

Како најголем извозник на супи на светско ниво, повторно се САД, со увоз во висина од 275 милиони долари. Меѓу најголемите увозници на супа се и: Канада (220 милиони долари), Мексико (207 милиони долари), Велика Британија (188 милиони долари) и Германија (159 милиони долари).

Фото: Pexels