Паметни стапчиња ќе проценуваат дали храната е здрава или токсична?

19

pametni stapcinja

Кинескиот интернет пребарувач Baidu претстави интересен изум на конференција во Пекинг. Станува збор за паметни стапчиња за јадење кои можат да проценат дали храната е здрава или, на пример, е пржена со токсично рециклирано масло за јадење.

Во иднина, стапчињата би можеле да ја тестираат и загадената вода. Baidu би можела да развие и уреди што ќе детектираат меламин во млечните производи, како и калории и токсични материи во храната.

Кина се бори со загадена храна, околина и земјоделство и ваквите иновации и уреди се повеќе од добредојдени. Некои од универзитетите во Кина веќе развиваат опрема за тестирање на храна која може да детектира 60 различни хемикалии и да утврдат кои производи се загадени и содржат бактерии и други штетни материи.

На on line платформата за купување – Tabao, корисниците можат да купат различни уреди за тестирање на храна, а цените се движат од шест до 120 долари. Тестирањето на безбедноста на храната во Кина започна уште во 90-тите години, а во последните години се бележи голем раст на потрошувачката на таквите уреди. Приходите од продажба минатата година изнесуваа дури 716 милиони долари.