Пандемијата ги намали туристите од Италија за 70%

31

Бројот на италијански туристи во странство оваа година е помал за околу 70% за разлика од лани поради пандемијата, а буџетот на оние кои решиле да летуваат надвор од својата земја е помал за една четвртина.

Ова произлегува од анализата на Revolut, на основа на трошоците на повеќе од 400.000 италијански потрошувачи во текот на летото, споредувајќи ги со трошоците во истиот период лани.

Многу малку Италијанци решиле оваа година да летуваат надвор од границите на својата земја, најмногу поради ограничувањата поради пандемијата и страв и ширење на заразата.

Во период од јуни до август лани, многу патници од Италија летувале во Шпанија, Велика Британија, САД, а оваа година, италијанските туристи кои сакале да патуваат надвор, најмногу ги бирале Франција, Швајцарија и Велика Британија. Шпанија, инаку една од омилените дестинации на Италијанците, оваа година, е на четврто место.

Анализата покажува дека Италијанците во просек потрошиле 536 евра по лице, додека минатата година тие беа во висина од 659 евра или 23% повеќе.

Во однос на сместувањето, Италијанците оваа година повеќе преферирале изолирано сместување за сметка на хотелските соби. Освен тоа, наместо посета на ресторани, тие повеќе подготвувале храна во апартманот каде што биле сместени.

Фото: Freepik