Пандемијата ја забрза национализацијата на авиокомпаниите во Италија и Португалија

37

Италија и Португалија преземаат мерки за национализирање на своите авиокомпании коишто се соочуваат со големи економски потешкотии поради пандемијата што ја предизвика коронавирусот, пренесуваат тамошните медиуми.

Властите во Португалија дадоа зелено светло за постигнување договор за пакет од 1,2 милијарди долари за авиокомпанијата ТАР, за којашто веќе доби одобрение од европското регулаторно тело за конкуренција.

Италијанската влада одвои три милијарди долари наменети за спас на Alitalia, а конечниот договор би требало да биде окончан месецов. Се очекува да се финансира нова компанија што ќе го преземе имотот на Alitalia, додека долговите ќе бидат опфатени со стечај.

Европските авиопревозници се соочија со големи потешкотии поради затворање на границите и запирање на авиосообраќајот од средината на март кога изби пандемијата, а им е ветена помош од над 30 милијарди евра.

Фото: Pixabay