Пандемијата разви сосема нов вид на туризам

211

Пандемијата од коронавирусот, што го заобиколи скоро целиот свет, создаде потреба за сосема нов вид на туризам. Инаку, оваа дејност е една од најсилно погодените во светски рамки, загубите се мерат во милијарди, но тоа остава простор за создавање на нов вид на туризам и тоа не било каков – виртуелен.

Јапонскиот бизнисмен Катсуо Иноуе ја одбра Италија за неговиот годишен летен одмор, па уживаше од убавините на Фиренца и Рим без да го напушти родното Токио, пренесува Ројтерс.

Тој заедно со сопругата се клиенти на јапонската First Airlines којашто со помош на виртуелна реалност им овозможуваат неверојатно патувачко искуство низ светот и во услови на пандемија.

“Јас многу често патувам поради работата, но никогаш не сум бил во Италија. Имав одлично искуство, бидејќи имав чувство како да сум навистина таму“, вели тој.

После полетувањето, патниците ставаат очила за виртуелна реалност и започнуваат да ги истражуваат градовите и уживаат во нивните убавини.

Фото: Freepik